Мелено месо со чили кое не бара стоење покрај шпорет

Меленото месо е корисна храна, и во многу рецепти може да се користи на различни начини. Иако плескавиците, бургерите и ќебапите се најчестата и омилена форма за подготовка на меленото месо, за денеска преглагаме промена со овој чили рецепт.
Сите состојки треба да се издинстаат, а потоа е доволно само да го оставите садот покриен да крчка, а ве имате време да се бавите со поважни или забавни работи. Нема стоење покрај шпоретот!
Потребни состојки:
1 кг мелено месо
2 пиперки
1 кромид
3 чешниња лук
2 конзерви пелат
300 мл говедска супа
2 конзерви црн грав
оригано
црвена пипер
ким
сол
бибер
тврдо сирење
Подготовка:
Пропржете го меленото месо со бибер, извадете го од тавата и ставете го на хартиена крпа. Во истата тава испржете ги кромидот, лукот и пиперките исечкани на коцки. Вратете го месото, додадете пелат, супата, зачинете по вкус и варете еден час на тивок оган.
Додадете ги гравчињата и оставете покриени да се крчкаат уште 40 минути.
Кога ќе биде готово посипете го јадењето со рендано тврдо сирење и послужете го со ориз како гарнир.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.