МЕТЕО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Силно невреме со грмежи и ветер попладне!

Поради присуство на влажна и нестабилна воздушна маса, денес и во следните денови ќе има честа појава на пороен дожд и грмежи, особено во попладневните часови. Локално процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и изолирана појава на град.

Во Скопје денес и во следните денови во попладневните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а во делови од котлината можна е појава на краткотрајно невреме.

Препорака: Во случај на појава на електрични празнења се препорачува поголема внимателност, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.

Пронајдете не на следниве мрежи: