Министерството за здравство ги прифати препораките од Комисијата за заразни болести за голема кашлица, ДСЗИ ќе врши контроли






Министерството за здравство попладнево информираше дека ги прифаќа препораките на Комисијата за заразни болести за спречување на ширењето на голема кашлица.

Во соопштението се наведува дека министерот Илир Демири ќе донесе одлука со која на Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) ќе му наложи да постапува согласно законските надлежности предвидени со Закон за заштита на населението од заразни болести, како и да врши вонредни инспекциски надзори, односно увид во вакциналните потврди обезбедени од вакциналните пунктови за примена вакцина против голема кашлица.

Министерството за здравство апелира до родителите дека најдобар начин за превенција на голема кашлица е вакцинацијата, затоа треба да ги вакцинираат своите деца, се вели во соопштението.

Директорката на Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) Рената Младеновска денеска изјави дека ќе забранат посета во градинки на деца кои немаат примено ДТП вакцина, само доколку препораката на Комисијата за заразни болести биде прифатена и со одлука, а Министерството за здравство му наложи на Инспекторатот да врши вонредни инспекциски надзори заради увид во вакциналните потврди обезбедени од вакциналните пунктови за примена ДТП вакцина.
Комисијата за заразни болести вчера одржа состанок на кој меѓу другото препорача да се засили инспекцискиот надзор на Државниот санитарен и здравствен инспекторат за да се види состојбата во градинките со вакцинирани и невакцинирани деца, да се овозможи тестирање за пертусис низ целата држава од центрите за јавно здравје, како и задолжителна дигитална евиденција за вакцинација на децата во вакциналните пунктови.
Комисијата препорача вакцинирање и на возрасни, а според информацијата од Комитетот за имунизација на 15 март се очекува да пристигнат првите вакцини коишто ќе бидат наменети за возрасни.
Вакцинацијата против голема кашлица во земјава се спроведува со комбинирани вакцини: Hexaxim (DTaP-IPV-Hib-HepB), Pentaxim (DTaP-IPV-Hib) и Tetraxim (DTaP-IPV). Според Календарот за имунизација, првата доза на вакцина се дава на деца на возраст со навршени два месеца, втората доза  на возраст од четири месеци и третата доза на возраст од шест месеци. Првата ревакцинација се врши една година по комплетирањето на примарна вакцинација, на 18-месечна возраст. Втората ревакцина се дава во второ одделение, односно на 7-годишна возраст. 

„МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ | Фејзи и Ѓурчиновска | ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ

Извор








Пронајдете не на следниве мрежи: