Мицковски да го осуди нападот врз поранешната пратеничка Весна Дамчевска Илиевска

Иницијативниот одбор за свикување на вонреден конгрес е згрозен од примитивизмот со кој што беше направен обид да се заплаши поранешната пратеничка Весна Дамчевска Илиевска.

Само луѓе со ниска политичка култура мислат дека ваквиот вандализам може да помине во 21 век , во земја која што треба да отпочне преговори за членство во ЕУ.

Праќањето на поранешни затвореници, криминалци и насилници пред домот на една жена, не е и не може да биде замена за демократска дебата.

Тоа е кукавички чин кој покажува дека другата страна е исплашена и нема ниту еден вистински аргумент зошто да не се свика вонреден конгрес.

Молкот на пратеничките на ВМРО ДПМНЕ за насилството врз нивната поранешна колешка и молкот на Унијата на жени се доказ дека инцидентот не е случаен.

Еве како се одвивал нападот:

Уапсен е насилникот кој и се закануваше на екс пратеничката Весна Дамчевска Илиевска

Иницијативата очекува Претседателот Христијан Мицкоски да престане да се крие и бара тој да го осуди инцидентот и насилниците што го нарушуваа редот пред домот на семејството на пратеничката.

Иницијативата бара да бидат повлечени сите насоки за заплашување и вршење на притисоци врз членовите на одборот.

Иницијативниот одбор за ваквото насилство ќе ги информира меѓународните претставници во Македонија и нема да дозволи нечиј примитивизам да ја надвладее демократската дебата.

Нема да не заплашите, ниту пак ќе не поколебате. Одговорност за лошото управување мора да има , а вонредниот конгрес треба да избере ново раководство.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.