Мицкоски се пофали дека се сретнал со Таравари

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, го посети централниот штаб на ВРЕДИ на плоштадот „Скендербег“ во Скопје. Прво беше објавена фотографија од Мицкоски како го напушта штабот, а потоа и фотографијата на која Таравари и Мицкоски се ракуваат.

ТВ21 испрати прашање до ВРЕДИ и ДПМНЕ во врска со тоа за што се разговарало и дали е постигнат договор! Од таму ни одговорија:

„Поставена е агенда за заедничка соработка , главно насочена кон борба против криминалот и корупцијата“, велат од Вреди.

„Вистина е дека претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, попладнево имаше средба со Арбен Таравари, на која се разговараше за принципите за можноста за идна коалиција и заедничка соработка“, порачаа од ВМРО-ДПМНЕ.

Средбата на Мицкоски и Таравари ја коментираа Арјанит Хоџа и Скендер Реџепи од Европски фронт во Клик Плус.

„Фотографијата ја гледам само како порака. Тенденцијата на ВМРО да обезбеди цензус преку поддршката што ќе ја добие од ВРЕДИ за нивниот претседателски кандидат. Како и да е, ќе мора да излезат на прес-конференција, бидејќи секоја фотографија, секоја средба треба да ја оправдува и причината за средбата“, порача Скендер Реџепи.

„Во моментот кога немате пратенички мандати, кога сте на 2-3 дена пред избори и се знае дека владата е составена од пратеници, единствената причина со која може да се оправда објавувањето на оваа фотографија е во случаите кога претставниците на ВРЕДИ одлучиле да го поддржат кандидатот за претседател на ВМРО ДПМНЕ“, вели Арјанит Хоџа.

Инаку Мицкоски неколку пати на неговите настапи истакна дека повеќе би сакале ВРЕДИ да биде нивен владин партнер.

Пронајдете не на следниве мрежи: