МОДЕРЕН КАЛКУЛАТОР Ако пиевте пред да возите, еве колку време треба да почекате пред да одлучите да седнете зад воланот

Алкохолот останува во организмот подолго време. Во Велика Британија, биле казнети една четвртина од возачите за возење во пијана состојба помеѓу 5 и 11 часот.

Колку долго треба да чекате пред да возите ако пиевте алкохол? Нема потреба да трошите зборови за опасностите од алкохолизираната состојба додека возите. Многу возачи, за жал, не чекаат отрезнување и опиени седнуваат зад воланот, а многумина мислат дека се подготвени да возат половина час или еден час после пијачката.

Медведев: Мојата тажна шега изгледа се претвора во застрашувачка реалност
Поранешниот руски претседател и актуелен заменик-шеф на рускиот совет за безбедност Дмитриј Медведев испрати предупредување до САД во објава на Телеграм. Тој ги критикуваше наводите што се појавија во Русија, според кои се подготвува трансфер …
Кина: Истрага за корупција против министерот за одбрана
Според медиумски извештај, на третиот министер за одбрана по ред во Кина му се заканува смена поради обвинувања за корупција во релативно краток период. Кина, имено, започнала истрага против својот министер за одбрана, адмирал Донг …

Ова не е точно и прекумерната самодоверба може да биде и опасна.

Алкохолот останува во организмот подолго време. Во Велика Британија, една четвртина од возачите биле казнети за возење во пијана состојба помеѓу 5 и 11 часот. Што ни кажува тоа? По ноќното пијанство, алкохолот останува во телото и возачите сè уште не се подготвени да седнат зад воланот на автомобил.

Затоа, бидете внимателни со алкохолот, а особено со проценката за тоа кога можете да возите. Како алкохолот ќе влијае на вас? Тоа зависи од полот, возраста, метаболизмот, телесната тежина на конзумирачот, видот на алкохол, она што сте го јаделе пред да пиете, нивото на стрес на кое сте изложени…

Британската организација за безбедност на патиштата „Road Respect“ ја анализираше потрошувачката на алкохол и способноста за возење и издаде препораки колку да се чека после пиење, односно колку долго алкохолот останува во организмот.

Чаша вино (13,5 проценти алкохол)

Еден пијалок – 3,5 часа

Два пијалоци – 7 часа

Три пијалоци – 10,5 часа

Четири пијалоци – 14 часа

Пет пијалоци – 17,5 часа

Чаша жесток алкохол (40 проценти алкохол)

Еден пијалок – 1,5 час

Два пијалоци – 3 часа

Три пијалоци – 4,5 часа

Четири пијалоци – 6 часа

Пет пијалоци – 7,5 часа

Пиво, лагер (5 проценти алкохол)

Еден пијалок – 2,5 часа

Два пијалоци – 5 часа

Три пијалоци – 7,5 часа

Четири пијалоци – 10 часа

Пет пијалоци – 12,5 часа

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.