Модниот „хорор“ од 2000-те се врати, а славните дами веќе го носат

Уште кон крајот на минатото лето манекенката Бела Хадид, како и Ким Кардашијан во својот гардеробер ги сместиле фармерките со низок струк, но љубителите на модата не очекувале тоа да го најави нивното враќање во мода.
Светските модни куќи во текот на Париската и Миланската модна недела се обиделе да ги вратат фармерките со низок струк на голема врата.

Да ве потсетиме, овој модел се појави во текот на 90-те години, а врвот на популарноста го достигна во текот на 2000-те години. Потоа трендот го заменија фармерките со висок струк во кои може да се „спакуваат“ сите неправилности и да се истакне фигурата на тело, поради што жените веднаш ги прифатија и им станаа едни од омилените.

https://www.instagram.com/p/CZPE1nJr038/?utm_source=ig_web_copy_link
Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.