Можете да ја јадете и топла и ладна: Пита со праз што ќе ве остави без зборови!

Питата можете да ја јадете и топла и ладна, еднакво е вкусна!
Состојки:
500 г исчистен праз
400 мл топло млеко
250 г екстра бело брашно тип 400 на „Жито лукс“
250 г урда
8 г прашок за печиво
4 јајца
сусам
црн пипер
масло
сол


Приготвување:
Празот се сечка на кругови или полукругови, во зависност од големината. Во тенџере се загрева малку масло и на него се пржи празот, да омекне. Се трга од огнот и се остава настрана да се олади.
Јајцата се матат пенесто, со малку сол. Постепено се додава млакото млеко, непрекинато матејќи со миксер. Посебно се поврзуваат екстра белото брашно тип 400 на „Жито лукс“ и прашокот за печиво, па се додаваат во смесата и се мати на најмалата брзина додека се добие изедначена маса.
Потоа се додаваат урдата и празот, па полека се меша со лажица.
Помал правоаголен калап, со димензии 18 х 33 см, или тркалезен калап од 26 см се намрсува и се набрашнува. Во него се додава смесата за питата и се посипува со сусам. Се пече во загреана рерна на 200°Ц. Печената пита се остава да се олади, а потоа се сече на коцки и се послужува со јогурт или со кисело млеко.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.