Генералниот секретар на Левица, Јована Мојсоска, на Фејсбук вели дека ВМРО-ДПМНЕ не пушта кривични пријави против претходните градоначалници на СДСМ, туку против Левица.
– ВМРО-ДПМНЕ не пушта кривични пријави против поранешните градоначалници на СДС затоа што судовите биле заробени, ама затоа Мицкоски ја тужи Левица за клевета пред заробените судови. – напиша Мојсоска споделувајќи го статусот на професорката Билјана Ванковска која напиша:
- Били Ајлиш за нејзината борба со Туретов синдром: Правам сè што можам за да го потиснам секој видлив тик
- Владимир Путин вели дека крајот на војната во Украина е близу
- Товарен брод погоден со проектил во близина на брегот на Катар
- Пијан скопјанец уринирал врз службено возило на Град Скопје, па му искршил нос на комунален редар – интервенирала и полиција
- Телеграф: Доналд Трамп има три опции во војната против Иран и сите три се лоши
Го слушам утринското радио интервју на Мицкоски за Лидер. Умирам од смеа ! Зборувајќи за “опозицијата на опозицијата”, прашува реторички: што направила Левица во последните неколку години, односно по што ќе останела запамтена. Ова го зборува лидер на партија кој не се осмели да застане на бирачко ливче и кој нема ни народен легитимитет! Ова го зборува човек чија партија седи како фикус во собранието и пасивно легитимира се’ што власта ќе си протурка. Ако двајца пратеници на Левица успешно ја реметеа власта со филибастеринг, со спречување некои законски промени, зошто тоа не го правеа членовите на ВМРО-ДПМНЕ? Зошто ТИЕ не оспоруваа закони во уставен суд? И конечно , ако запомниме нешто тоа ќе биде вртењето на грбот на Урсула и еден дигнат прст!
По што ќе ја памтиме оваа “голема опозиција”? Хммм …
Пронајдете не на следниве мрежи:



