Мојсоска: На 8 мај младите ќе стават крај на истрошените елити

Левица како нова генерација млади политичари на овие избори настапува со радикална антикорупциска платформа, вели носителката во петтата изборна единица Јована Мојсоска.

,,Битола од економски гигант во време на криминалната приватизација стана рекордер на невработеност. Младите паметат како нашите родители остануваа на улица додека се богатеа поединци. Се бориме за донесување Закон за потекло на имот на сите носители на јавни функции од почеток на транзиција до денес. На овој начин мора да се стави крај на криминогените партии кои ја уништија иднината на младите генерации. Наместо амнестија која ја видовме во Собранието, нашата автентична програма се залага за незастарливост на криминалот извршен од јавни функционери”, вели Мојсоска.

На 8 мај младите ќе се обединат околу идејата на Левица за да стават крај на владеењето на корумпираните и истрошени политички елити кои немаат веќе што да понудат, рече таа.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.