Мусака без месо

700 г компири
500 г печурки (шампињони или буковки)
3 главици кромид
300 мл јогурт
3 јајца
1 1/2 лажица брашно
1 лажица исечен магдонос
1 лажица сув зачин
масло, сол и мелен црн пипер
Компирите излупете ги, исечете ги на кругови и запржете ги од двете страни.
Во друга тава испржете ги исечениот кромид и парчињата печурки. Посолете, додадете сув зачин и црн пипер и промешајте го филот.
Во намрсена тава за печење наредете половина од компирите, нанесете го филот од печурки и наросете половина од магдоносот. Наредете ги преостантите компири и прелијте со 400 мл топла вода. Печете 30 минути на 200 степени.
Јајцата изматете ги со жица или виљушка и измешајте ги со брашното и јогуртот. Додадете сол и црн пипер и промешајте. Прелијте ја мусаката, наросете магдонос и печете уште 15 минути.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.