Мусака со пилешко и шампињони

Ако сакате да подготвите лесен и брз протеински ручек оваа комбинација од пилешко месо и шампињони е идеална за вас.
Потребни состојки:
-500 г пилешко месо
-400 г свежи шампињони
Бешамел сос:
-30 г путер
-1 ½ лажица брашно
-300 мл млеко
-100 г кисела павлака
Начин на подготовка:
Исечете го пилешкото месо на тенки парчиња, па благо исчукајте ги со толчник за месо. Потоа секое парче попржете го на малку масло, колку да добие боја.
Посебно подгответе ги шампињоните, на маслото на кое беше пржено месото. Месото и шампињоните посолете ги пред пржење.
Сосот ќе го направите така што прво ќе го стопите путерот, во него ќе ставите лажица и половина брашно, додадете млеко, а кога ќе почне да врие вмешајте ја и киселата павлака.
Во огноотпорен сад намачкан со путер наросете лебни трошки, а потоа редете ред пилешко месо, па ред печурки, па прелијте со бешамел сос. Така правете додека не се потрошат состојките.
На крајот изрендајте кашкавал и ставете да се пече околу 20 минути на умерена температура.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.