Министерството за надворешни работи и трговија соопштува дека министерот Тимчо Муцунски, за време на дводневната посета на Катар, остварил средби со највисоките претставници на оваа држава, на кои била потврдена подготвеноста за продлабочување на политичката и економската соработка меѓу двете земји.
За време на посетата беа потпишани три документи: договор за укинување на визите за носители на дипломатски, службени и специјални пасоши, меморандум за воспоставување политички консултации и меморандум за соработка во областа на дипломатското образование.
Според Министерството за надворешни работи и трговија, овие документи создаваат дополнителна институционална основа за унапредување на политичките односи и зајакнување на соработката во областите од заеднички интерес.
The post Муцунски во Катар: Потпишани договори за укинување на визите за дипломатски пасоши и дипломатска соработка appeared first on Во Центар.



