Направете домашен путер – поедноставно е отколку што мислите

На социјалните мрежи се појавуваат сè повеќе страници на кои домаќинките нудат одлични совети од разни краеви на светот, а на нив можат да се најдат одлични трикови за брза и едноставна припрема на намирници.
На Фејсбук групата “Mums Who Budget & Save” на која жените разменуваат совети како да заштедите во домаќинството, една мајка објавила рецепт за домашен путер кој сама го подготвува. Британката Сара Гејтон-Кеј во својата објава открила дека за 1,3 килограми путер ви се потребни 3 килограми обична павлака за готвење и миксер за павлаката да стане путер.

“Само матете ја павлаката во миксерот додека не стане путер, за што ви се потребни околу 15 минути”, напишала Сара и додала дека околу путерот останува и малку течност, па затоа треба добро да го процедите пред да додадете сол по желба. Исто така, добро е пред процедувањето, во путерот да додадете и студена вода за да се добие хомогена смеса. Потоа, распоредете ја количината во неколку помали пакувања кои е најдобро да ги ставите во замрзнувач.
Многу мајки побрзале да го испробаат овој едноставен рецепт, а нивните впечатоци се повеќе од одлични. Нејзиниот рецепт го пренел и порталот “Mirror” во својата рубрика за заштеда во домаќинството.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.