Направете сами: Енергетски плочки за здрава ужина или десерт

Ако сте решиле да престанете да јадете благо, особено пред празниците кога се чини е најтешко да оддолееме на домашните колачи, енергетските плочки се одлично решение за моментите на криза.
Лесни се за правење и се одличен сојузник против ненадејни напади на глад, дури и кога сакате да изгубите неколку килограми.
Во оригиналниот рецепт стои да се користи суво грозје, бадеми и урми, при што последните две состојки се еден вид основа, додека сувото грозје можете да го замените со друго сушено овошје. Во мешавината можете да додадете цимет, какао, парчиња темно чоколадо или кокос. Експериментирајте и со индиски ореви, лешници и други јаткасти плодови, како и разни семиња.
Грицкањето суво грозје го контролира чувството на глад и поттикнува ситост. Ова спречува прекумерно внесување калории и го продолжува чувството на ситост.


Освен што го намалуваат холестеролот, бадемите се суперхрана ако внимавате на исхраната и линијата – ја намалуваат и желбата за храна, но и ги хранат мускулите.
Урмите се идеална закуска што ќе обезбеди доволно енергија за остатокот од денот, а поради широката содржина на разни есенцијални хранливи материи, урмите може да се сметаат за речиси идеална храна.
Подготовка: Како што веќе рековме, подготовката на овие енергетски плочки е едноставна. Ставете ги сите намирници, во исти количини, во блендер и оставете го апаратот да работи околу 30 секунди. После тоа, додадете ги намирниците кои сакате да останат цели (семки од тиква, сушена брусница и слично), замесете ја смесата, па ставете ја на најлонска фолија и обликувајте по желба коцки, топчиња или плочки.
Плочките чувајте ги во замрзнувач, и рокот на траење не треба да ве загрижува бидејќи може да траат до неколку недели.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.