Градежната компанија „Настел“ е финалист на натпреварот за луксузна градба, архитектура и дизајн „Оскари за градежништво 2020“. Натпреварот ќе се одржи на 30-ти септември во Софија.
Настел е номинирана со објектот „Настел Бизнис центар“ во Скопје. Вкупната корисна деловна површина на објектот е 8.650 квадратни метри и е поделена на 5 нивоа, а комерцијалната површина од 1.330 квадрати се наоѓа на приземјето на зградата. Има и две подземни нивоа за паркирање. Канцелариската зграда е од класа А, има ефикасен дизајн и високо техничко ниво на спецификација, како и сите градежни брендови од светска класа. Една од главните карактеристики на зградата е неговата флексибилност и прилагодливост кон потребите на станарите, со можност и за отворен план и за мобилни простори во согласност со највисоките стандарди.
За истиот овој објект во 2019 „Настел“ беше одликувана со признание од Претседателот Стево Пендаровски за компании кои имаат особен интерес за економијата на Македонија.
Претходни добитници на престижната Luxury Property Awards се најголемите и најуспешните градежни компании од Европа. Во бугарските медиуми „Настел“ се презентира како една од најуспешните градежни компании на Балканот, која со години добива меѓународни и национални признанија.
Извор Алфа
Пронајдете не на следниве мрежи: