Околу 1.250 парчиња воена опрема пристигнуваат прво во холандското пристаниште
Американски тенкови и други воени возила од денеска пристигнуваат во холандското пристаниште Влисинген, од каде ќе се упатат кон Полска и Литванија, како дел од напорите за зајакнување на источното крило на НАТО.
- На ова пристаниште пристигнуваат околу 1.250 парчиња воена опрема – изјави полковникот Роберт Келам, надгледувајќи ја операцијата на американска страна.
Опремата вклучува тенкови М-1 Абрамс и борбени возила Бредли.
Холандските вооружени сили помагаат во поморската безбедност и ја чуваат областа на пристаништето каде што ќе бидат сместени возилата пред да продолжат кон исток.