Најважните правила кои мажите со стил секогаш ги практикуваат

Да се биде стилизиран и модерен значи да се поседува епитетот на современ маж секогаш и во секој момент.
Доколку сакате и вие да добиете такви пофали и секогаш да бидете набљудувани токму низ ваквата призма, дознајте кои се најважните навики кои ги поседуваат модерните мажи.
Тие се полни со самодоверба
Секогаш и во секој момент, модерниот маж чувствува доволна доза на самодоверба во она што го носи. Секако, никој не е совршено сигурен во себе секој ден, но ваквите мажи сепак имаат доволно самодоверба која ја покажуваат преку невербалната комуникација.


Ја носат вистинската големина
Вистинската големина на облека изгледа привлечно, а таквиот маж остава впечаток на некој кој знае што прави и знае што најдобро му стои.
Се држат до правилото “помалку е повеќе”
Секој современ маж знае колку е важно модното правило “помалку е повеќе”. Тој секогаш тежнее да бира едноставни парчиња облека кои изгледаат лежерно, но сепак уредно и софистицирано.
Го ставаат квалитетот пред квантитетот
Освен правилото “помалку е повеќе”, модерниот маж секогаш вложува пари во некое квалитетно парче, отколку во неколку кои не се квалитетни. Тој знае дека е подобро да поседува еден квалитетен часовник, капут или одело отколку други 15 кои чинат исто толку, но сепак на прв поглед изгледаат евтино и непривлечно.


Не се робови на брендовите
Секој од нас сака во својот гардеробер да има облека која припаѓа на некој луксузен бренд, но разликата е во тоа што модерниот, стилизиран маж не е роб исклучиво на тие брендови и имиња, туку се одлучува за купување на она што му се допаѓа и добро му стои.
Водат грижа за својот изглед
Ова правило важи и за однадвор и за одвнатре: стилизираните мажи се грижат за својата кожа и коса, но и за нивното здравје и физички изглед бидејќи сакаат во секој момент да се чувствуваат одлично во својата кожа.
Ги унапредуваат своите навики
Секој современ маж добро знае дека клучот за успехот се крие во константната работа и унапредување на себеси. Како во стилот и негата, така и во секоја друга смисла – кариера, живот и сите навики кои го прават неговиот живот убав и интересен.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.