Највкусниот десерт од јагоди во чаша

ЗА ГРИЗ КРЕМ
750 мл млеко
4 лажици шеќер
4 лажици гриз
1/2 кесичка пудинг од ванила
ЗА ПРЕЛИВ ОД ЈАГОДИ
250 г исечкани јагоди
4 лажици шеќер
1 лажица вода
1 ванилин шеќер
1 лажичка густин
Гризот сварете го вообичаено, со наведените состојки, и веднаш претурете го во чаши. Додека се лади, сварете го преливот од јагоди со наведените состојки, на крајот додадете го густинот и штом се згусне, тргнете го од ринглата. Ако не сакате парченца јагоди, пред варењето измиксајте ги со миксер/блендер. Прелијте го кремот од гриз со преливот од јагоди и оставете да се излади.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.