Највкусните посни полнети пиперки

8 суви црвени пиперки
3 страка праз
100 г крупно мелени ореви
100 г варени зрна грав
1 шолја ориз
1 лажица сув зачин
1 лажица црвен пипер
масло, сол и мелен црн пипер
Празот ситно исечкајте го и пржете го во тава со масло додека омекне и додадете ги мелени ореви. Пржете сè заедно уште 2-3 минути и потоа додадете ги оризот и испасираниот грав.
Продолжете со пржење уште 1 минута, па додадете го сувиот зачин, посолете и зачинете со мелен црн пипер по вкус. Крчкајте го филот уште 2 минути на тивок оган.
Сувите пиперки омекнати во топла вода наполнете ги со подготвениот фил, но не до врв. Полнетите пиперки наредете ги во тенџере, прелијте со малку вода и крчкајте на тивок оган додека се свари оризот. По потреба долевајте уште вода.
Потоа наредете ги во земјана тава и запечете во рерна загреана на 200 степени. При крајот на печењето прелијте со масло претходно запржено со црвен пипер.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.