Највусниот летен ручек: Полпети од тиквички

2 шолји рендани тиквички
2 јајца
2 лажици сечкан млад кромид
1/2 шолја брашно
1/4 шолја рендан Пармезан
1/2 лажичка прашок за печиво
1/2 лажичка оригано
масло
сол
Тиквичките изрендајте ги и исушете ги на кујнска хартија. Измешајте ги со јајцата и исечканиот кромид. Во друг сад измешајте ги Пармезанот, ориганото и прашокот за печиво, и посолете. Додадете во садот со тиквичките, па по една лажица од смесата ставајте на загреано масло во тава на оган. Пржете ги полпетите по 2-3 минути од двете страни.

 

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.