Најголемата грешка која ја правите подготвувајќи сос од домати

Италијанските готвачи никогаш сосот не го приготвуваат на начинот на кој нам ни одзема и време и нерви.
Маринара
Речиси сите, или барем поголемиот дел, сосевите ги потготвуваме на тотално погрешен начин.
Сосот од домати е омилен сос ширум светот, а како и не би бил кога е лесен за правење, оди со различни јадења, вкусен е дури и кога само ќе го прелиете врз тестенини.
Без разлика дали готвите ќофтиња во сос, шпагети или нешто трето, има една грешка од која Италијанците се ежат кога станува збор за сос од домати.
Класичниот сос од домати се нарекува маринара (alla marinara) и се подготвува од само неколку состојки. Потребни ви се домати, маслиново масло, лук и зачини по ваш избор. И тоа е тоа.
Сосот маринара, без разлика дали го подготвувате од свежи или конзервирани домати, се подготвува не само лесно, туку и брзо.


Кога велиме „брзо“, навистина го мислиме тоа – Италијанците никогаш не го готват овој сос повеќе од 15 минути. Доматот е најздрав кога ќе се загрее, тогаш организмот може да искористи поголем дел од неговите здрави состојки, а сè што е над 15-20 минути ги уништува здравите состојки, но и вкусот!
Маринара се подготвува што е можно побрзо. Ако сте збунети затоа што обично го варите овој сос до еден час за да „создадете“ вкусови, вие всушност цело време подготвувате погрешен сос!
Суго ди помодоро
Сосот од домати кој се крчка долго време, содржи повеќе зачини, кромид и други состојки по ваш избор, се нарекува sugo di pomodoro или, ако содржи месо, ragù. Тој сос е сосема поинаков и не се користи за тестенини и други побрзи јадења, но „служи“ за разредување на посилни состојки како што е месото кое се крчка во него долго време.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.