Моментите на домашна изолација го собраа цело семејство на едно место. Нашите работни места се преселија во домашните канцеларии, дневната стана училница… но барем сите сме тука за појадок, ручек и вечера на време.
Денес ќе ви дадеме неколку предлози за здрави и лесни за подготовка закуски за целото семејство.
Појадок: Пченкарни мафини со јогурт
Лесен рецепт кој им успева на сите, ќе уживате во овие солени залчиња.
Состојки: 2 чаши Баланс+ јогурт, (200 гр) пченкарно брашно, 1 чаша брашно, 3 јајца, 100 мл масло, сол, 1/2 пециво, 200 гр сирење, 200 гр. спанаќ, 200 мл јогурт, 200 мл млеко.
Подготовка: Во сад ставете го пченкарното брашно, јајцата, брашното, солта, маслото, сирењето, спанаќот кој претходно го обаривте и јогуртот и млекото.
Се тоа добро изедначете и ставете во калапи за мафини. Печете на 200 целзиоусови степени околу 30-40 минути додека убаво не поруменат.
Служете со Баланс+ јогурт или кисело млеко.
Ручек: Запечени сарми во јогурт!
Што мислите, наместо стандардна сарма со кисела зелка да направите запечена сарма во јогурт? Вашите најмили сигурно ќе бидат воодушевени!
Состојки: 500 гр мелено месо, 1 чаша ориз, 1 голем кромид, 1 лажица суви зачини, половина лажица сол, 1 лажичка пиперка, 1 зелка, 1 јајце, 200 мл Баланс+ јогурт.
Подготовка: Исечете малку кромид, а потоа додадете месо, зачини и ориз и добро мешајте се заедно. Варете ја водата до вриење во поголем сад. Наредете ги сармите во тепсија. Кога водата ќе се свари, потопете ги срамичките на неколку минути и оставете малку да стојат. По неколку минути, отстранете ги листовите зелка и нанесете малку месо на секој лист, и завиткајте.
Ставете ги парчињата во тепсија, наредете ги густо и истурете ја водата. Ставете во рерна и печете 90 минути. По еден час и половина, изматете го јајцето со јогурт, малку сол и ставете ја таа мешавина врз сармите. Оставете уште 10-15 минути да се пече.
Храната е подготвена да се служи, и препорачуваме да ја послужите со кисело млеко.
Гвакамоле намаз по рецепт на Меган Маркл
Како да се направи кремаст намаз од авокадо, раскажува сопругата на принцот Хари:
„ Додајте малку јогурт и мајонез. За секое авокадо додајте 3 лажици јогурт и 4 лажици мајонез“, вели Меган за рецептот за сос од авокадо. Таа додава дека ова е нејзиниот нов омилен рецепт за гвакамоле.
Десерт: Вишна колач
Рецепт што е превкусен и прелесен за правење.
Состојки: 2 jajцa, 1 шеќер, 1/2 чаша масло, 2 чаши брашно, 2 ванилин шеќер, 1 чаша јогурт, 1 тегла компот од вишни (може и замрзнати).
Подготовка: Изматете ги јајцата и шеќерот и додајте ги кесичките ванилин шеќер. Потоа полека додавајте масло и мешајте со миксер. Намалете ја брзината, па додајте брашно, пециво за печење и Баланс+ јогурт. Хомогенизираната смеса се става во подмачкан сад за печење, па се додаваат вишните. Се пече на 180 целзиусови степени.
На пресечените парчиња за јадење, од горе ставете и шеќер во прав. Уживајте!