Најпознатиот грчки готвач го открива оригиналниот рецепт за подготовка на цаѕики салата

Баш како сте во Грција! Цаѕики е една од омилените салати, а еве кои намирници ви се потребни.
– 300 грама грчки јогурт;
– 1 краставица;
– 3 супени лажици јаболков оцет;
– 1/2 лажичка копар;
– 2 супени лажици маслиново масло;
– прстофат сол;
– бибер.


Подготовка
Измијте ја и изрендајте ја краставицата во сад на кој претходно сте ставиле хартија. Додадете сол и една лажица јаболков оцет. Максимално исцедете ја хартијата на која претходно сте ставиле сè, фрлете ја хартијата и вратете ги намирниците назад во садот.
Додајте го јогуртот во смесата и уште две лажици маслиново масло.
Ситно исецканиот лук прво промешајте го со маслиново масло, а потоа ставете го во останатиот дел од смесата.
На крајот додадете копар, сè заедно измешајте и ставете ја смесата во фрижидер да се излади.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.