НАЈСОЧНАТА ЧОКОЛАДНА ТОРТА! Мека, вкусна и подготвена за МНОГУ КРАТКО ВРЕМЕ

Сочна, мека и многу вкусна чоколадна торта што се подготвува на многу кратко време. Вкусот на чоколадото навистина се истакнува.
БИСКВИТ:
280 гр меко брашно тип 400
40 гр какао
130 гр шеќер
1,5 лажица оцет
2 лажички сода бикарбона
малку сол
1 кесичка ванилин шеќер
100мл масло
320 мл топла вода
по избор: 1 лажичка Нескафе или некое инстант кафе по желба
ПРЕЛИВ:
100 гр чоколадо за готвење
100 гр млечно чоколадо
120 мл слатка павлака


Прво просејте брашно и какао во сад, а потоа додадете малку сол, додадете шеќер, ванилин шеќер и сода бикарбона и измешајте ги сувите состојки. Додадете масло, оцет и топла вода во сувите состојки, во кои сте измешале една лажичка Нескафе. Измешајте сè, така што сувите состојки убаво ќе се соединат со мокрите.
Премачкајте калап од 20 см со путер, обложете го со хартија за печење и истурете ја смесата. Печете го колачот во загреана рерна на 180 C околу 40 минути.
За чоколадниот ганаж, прво ќе го исецкаме чоколадото за готвење и ќе го истуриме со топла павлака, а потоа ќе измешаме сè додека не добиеме убава чоколадна смеса со која ќе ја прелееме тортата. Доколку сакате, тортата можете да ја декорирате со две парчиња свеж портокал.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.