На Табановце за влез, на Богородица за излез од земјата се чека по 30 минути

  Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Поради зголемена фреквенција на возила на Граничниот премин Табановце времето на чекање за влез во државата е околу 30 минути, а на граничниот премин Богородица за излез од државата времето на чекање е околу 30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево

The post На Табановце за влез, на Богородица за излез од земјата се чека по 30 минути appeared first on Provereno.

Пронајдете не на следниве мрежи: