Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење

ЈП Водовод и канализација – Скопје со цел подобра информираност на граѓаните на
град Скопје, го објавува неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата
за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола, кој е
всушност прва лабораторија во државата која го акредитира своето работење
според стандардот ИСО17025:2018.
Секторот за санитарна контрола во периодот од 22.08.2022 до 26.08.2022 зема 203
примероци за физичко-хемиска и 203 примероци за микробиолошка анализа на вода
за пиење од 44 мерни места во Градот Скопје.
Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци ОДГОВАРААТ
на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен
весник на РМ, бр.183/18).

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.