Нежна розе боја ќе биде хит ова лето

Дојде летото, а вие сте изгубени во палетата на бои? Кога одите на шопинг се двоумите кој фустан да го купите бидејќи сте несигурни во изборот на бојата на моделот? Без грижи, стручњаците најавија која боја ќе биде во тренд ова лето.
Доколку се водите по изреката „Секојдневието е модно шоу, а светот е една голема модна писта“, тогаш со сигурност будно ги следите трендовите коишто се менуваат секоја сезона.
Онака како што зборовите стануваат дела, така и нашите модните визии со текот на времето го градат нашиот стил, којшто со молк и визуелност говори за нашите ставови и вкусови.


1. Наочари за сонце
Совршен пар на наочари коишто ќе ја разбијат монотонијата на црните оквири, е оној со нежно розов оквир или пак нежно розови стакла. Ова е пар наочари за дами коишто во секој стајлинг сака да ја изрази својата женственост.

2. Розеникава облека и чевли
Облеката е совршен начин да се изрази нечив стил, а нежно розевите папучи и балетанки, па дури и патиките, секако ќе ве направат тренди на повеќе начини.
3. Розе Фустани
Лепршавите, цветните и романтичните фустани во оваа розева боја делуваат многу женствено, а со нив дефинитивно ќе оставите впечаток дека имате одличен моден вкус.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.