Незаборавен ручек за љубителите на пиперките

По изгледот, полнетите пиперки потсетуваат на чамчиња, па така и го добиле своето име
Потребни состојки:
6 црвени пиперки
малку масло
сол
За филот
2 јајца
100 грама мелено месо
100 грама сирење
50 грама кашкавал
прстофат сол
бибер
магдонос
6 парчиња домат


Начин на подготовка:
Измијте ги пиперките, исчистете ги од семки и пресечете ги на половина во должина. Измешајте малку масло и сол во еден сад и со помош на четка, премачкајте ја надворешната страна на чамчињата. Наредете ги во сув сад за печење.
За филот, изматете ги јајцата, додајте ги зачините и промешајте. Во изматените јајца додајте и малку испржено мелено месо, кашкавал исечен на парчиња и издробено сирење.
Добро измешајте го филот и внимателно наполнете ги чамчињата. Печете во претходно загреана рерна на 180 степени 20 минути, па зголемете ја температурата на 220 степени, исклучете го долниот греач и печете уште десетина минути. Неколку минути пред да завршите со печење, додајте по едно парче домат на секоја пиперка. Добар апетит!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.