Претседателот на Србија Томислав Николиќ оцени дека доколку пропадне дијалогот со Приштина, би можеле да бидат распишани вонредни парламентарни избори во Србија.Во интервјуто за Телевизијата Б92 во понеделник вечер, Николиќ, сепак, додаде дека не сака да се занимава со анализи дали се потребни избори или не, бидејќи, како претседател на сите граѓани, не сака да се занимава со партиска политика.„Не сакам да се занимавам со партиска политика како претседател. На Српската напредна партија, веројатно, би и одговарале вонредни избори. Но, дали е време да ги свртите сите партии против себе на тој начин, не знам. Не се занимавам повеќе со такви анализи“, рече Николиќ.Тој додаде дека ќе биде подготвен да распише избори доколку се исполнат со Устав и со закон предвидените услови, но дека тој не одлучува за тоа.Српскиот претседател истакна дека не е можно да се прави избор меѓу Косово и ЕУ, туку Србија да се залага да оствари максимум интереси на Косово.
Макфакс Претседателот на Србија Томислав Николиќ оцени дека доколку пропадне дијалогот со Приштина, би можеле да бидат р