Српскиот претседател Томислав Николиќ оцени дека Белград не може да избира меѓу Европа и Косово и дека некои решенија кои се нудат за Косово можат сериозно да го загрози продолжувањето на евроинтеграциите.Претседателот на Србија, Томислав Николиќ, гостувајќи во емисија на белградската телевизија Б92 кажа дека „не е можно да се избира меѓу Европа и Косов“, како и дека “нема да биде крајот на светот доколку договорот (со Приштина – з.р.) не биде постигнат на 2-ри април“, а Белград не го добие датумот за почетокот на пристапните преговори со Европската унија. Во ток случај, смета Николиќ, новиот рок за договор со ЕУ за добивање датум би бил одреден сигурно во период од една година подоцна.Српскиот претседател оцени дека „меѓународната заедница своите ставови (за решенија за Косово) не се засноваат на некој план, туку на ставовите на големите сили“.„Некои во Европа ги подразбираат нашите односи како односи на двајца добри соседи, што Србија не може да го прифати. Но ништо не попуштивме, но очигледно е дена некој сметал дека сме притеснети до ѕид“, изјави Николиќ, истакнувајќи дека никој од српскиот државен врв кој учествува во преговорите со Приштина, нема право да ја погази резолуцијата на српскиот парламент за поранешната покраина Косово и Метохија, како и дека со секоја евентуална промена мора да се согласи Скупштината (парламентот) на Србија.Претходно во понеделникот, државниот врв на Србија ги усогласи ставовите пред продолжувањето на дијалогот со Приштина во Брисел под покровителство на Европската унија на 2-ри април. Притоа заедничка оцена на српските челници е дека Белград во наредниот осми круг од преговорите мора да настапи со попрецизирани предлози за надлежностите и овластувањата на заедниците на српските општини на Косово, што досега беше главната пречка и точка од преговорите околу којашто двете страни не успеваат досега да се усогласат.
МакфаксСрпскиот претседател Томислав Николиќ оцени дека Белград не може да избира меѓу Европа и Косово и дека некои решенија