четврток, 12 ноември 2026
Најново

НИШКА ПОГАЧА

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Дали сте подготвени за рецепт кој гарантирам ќе го правите често? Да?
Потребни ви се не многу намирници.
850 г брашно
500 мл млеко
60 г маргарин
3 жолчки
1 лажица сол

Квасецот изронете го и додадете го во сад со 150 мл млако млеко. Додадете 1 кафена лажица брашно, измешајте и оставете квасецот да стаса. Маргаринот растопете го, изладете и додадете го во садот. Потоа додадете ги преостанатото млако млеко, брашното, солта и 2 жолчки. Измешајте со лажица и оставете тестото да стаса. Уште 2 пати размесете го тестото со рака и стасајте го.
Потоа расплескајте го во тркалезна тава со пречник од 28 см, премачкана со масло и премачкајте го со изматена жолчка. Печете ја погачата 45 минути на 220 степени и оставете ја уште 10 минути во исклучена рерна. Извадете ја тавата од рерна.
Изладената погача извадете ја од тавата, искршете ја на парчиња и сервирајте ја по вкус.

Поврзани вести