На минатото рочиште, судскиот вештак и професор на Градежниот факултет при УКИМ, Горан Марковски изјави дека градежното вештачење покажало оти безбедноста на посетителите на „Пулс“ воопшто не била во интерес при реконструкцијата и пренамената на објектот за дискотека. што за воља на вистината тоа е губење време, констатција која ја знае секој кочанчанец или што би рекол народот открија и докажаа топла вода.
Во судницата во „Идризово“ на ред е нова епизода од продолжението на судењето за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ во кој загинаа 63 лица, а над двесте беа повредени.
На денешното рочиште треба да се изведе градежното вештачење на објектот „Пулс“ и распит на вештите лица што го изработиле. Со ова, како што е најавено, треба да заврши изведувањето докази од Обвинителството. Судењето го води судијката Дијана Груевска-Илиевска, а обвинението го застапува тим од 15 јавни обвинители.
Во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани на 16 март 2025 година, за време на настап на групата ДНК, загинаа 63 лица, а над двесте беа повредени. Ова е една од најтешките трагедии во поновата историја на Македонија.ЗАсега нема разврска за одговорноста или дали само газдата на објектот, локалните институции, МВР, Централните институции – сите знаеле никој не преземал ништо.
The post Нова епизода- рочиште за „Пулс“: Распит на градежните вештаци appeared first on Provereno.
Пронајдете не на следниве мрежи:



