Нов бран сајбер напади за кои одговорноста ја презедоа проруските хакери од групата Noname057(16) денеска ги погодија италијанските компании, вклучувајќи ги банките Интеза Санпаоло и Монте деи Паски, компанијата Вулканер, како и пристанишните власти во Таранто и Трст, пренесуваат италијанските медиуми.
Италијанската агенција за сајбер безбедност објави дека работи на обезбедување помош на погодените компании и услуги, пренесе агенцијата Анса.
Палестинската хакерска група Аликссек ја презеде одговорноста за дел од денешните сајбер напади.