Нови цени на горивата од полноќ

Со одлука на Регулаторната комисија за енергетика, од полноќ малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, се намалува за 0,50 ден и ќе се продава по цена од 82,50 ден/литар.

Бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, поевтинува за 1,00 ден и ќе чини 84,50 ден/литар.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ1), се зголемуваат за 0,50 ден/лит и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе изнесува 73,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 73,00 ден/литар.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.