Новогодишно печење

Набавете свежа свинска кртина која е најдобро да биде во едно парче, посолете го месото и оставете го да отстои два часа. За четири лица би требало да ви е доволно 2 кг.
Загрејте ја рерната на максимум, премачкајте го месото со свинска маст и на дното од садот за печење ставете еден прст ладна вода. Печете го месото откриено 15 до 20 минути. За тоа време кожата ќе омекне, па со остар нож засечете ја за да добиете ромбоидна мрежа. Освен што така засечената кожа подоцна ќе изгледа поубаво и подекоративно на маса, ќе ви овозможи и полесно сечење на месото, а вака засечената кожа во текот на печењето ќе овозможи и да се топи вишокот од маснотии под неа, па на крајот ќе добиете крцкава а не жилава и мрсна коричка.
По засекувањето, доколку месото не е премногу мрсно, премачкајте го повторно со свинска маст, полејте со мала количина на вода и вратете го во рерната. Печете околу 2 часа на 200-220°C. Не го испробувајте месото така што ќе го боцкате со виљушка, затоа што ќе ги испушти сите сокови.
Ако сакате ароматично печење, додадете кромид исечкан на четвртини и неколку чешниња лук. Секои 30 до 45 минути, проверувајте го месото и по потреба полевајте го со дополнителна количина вода или доколку испушти многу маснотија, залевајте го со неа за да не се засуши.
Пред крајот, по желба, еднаш или два пати прелејте го со пиво. Тоа ќе му даде поинтензивна боја, а последните десет минути тргнете ја фолијата за да се запече убаво. Внатрешноста на месото ќе остане сочна и мека.
Извадете го месото и чувајте го на топло. Почекајте да се излади доволно за да можете да го исечете и уживајте.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.