Ново поевтинување на горивата од полноќ

Од ноќеска на полноќ за два денари ќе поевтини ЕУРОСУПЕР БС-95. Цените на останатите нафтени деривати остануваат непроменети, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ).

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе изнесува 80 денари за литар, додека литар ЕУРОСУПЕР БС – 98 и натаму ќе се продава по 82 денари, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) по 73 денари, Екстра лесното 1 (ЕЛ-1) по 72, а Мазут М-1 НС по 43,209 денари за килограм.

Според одлуката на РКЕ, малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се намалуваат во просек за 0,48 отсто.

Пронајдете не на следниве мрежи: