Нов сомнителен случај на западнонилска треска, испитувањата траат

На Клиниката за инфективни болести е евидентиран еден нов сомнителен случај на западнонилска треска. Во тек се потребните испитувања за лабораториска потврда или исклучување на заболувањето, информира Министерството за здравство.
Од таму велат дека, во координација со надлежните здравствени установи, продолжуваат внимателно да ја следат состојбата и велат дека навремено ќе ја информираат јавноста за сите нови релевантни податоци.
Во врска со епидемиолошката состојба во Гостивар, од Министерството информираат дека е намален бројот на извршени прегледи.
„Во текот на 3 август се регистрирани вкупно 78 прегледи, што е за шест помалку во споредба со претходниот ден, кога биле евидентирани 84 прегледи.
The post Нов сомнителен случај на западнонилска треска, испитувањата траат appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: