Нов трипл-дабл на Јокиќ за божиќна радост и влез во историјата (ВИДЕО)

Српскиот кошаркар Никола Јокиќ влезе во историјата со неговите одлични настапи во НБА-лигата, а во минатиот меч блесна против Кливленд кавалирс и му помогна на Денвер нагетс да слави со 121-108.

Јокиќ запиша трипл-дабл со 28 поени, 15 скокови и 10 асистенции и така стана четврти кошаркар во историјата на НБА-лигата кој во шест различни сезони стигнал до таков успех. Такво нешто досега им успеа на Расел Вестбрук, Оскар Робертсон и Меџик Џонсон.

Пронајдете не на следниве мрежи: