Нутела фрапучино со само 3 состојки

Заблажете си го денот…
Потребни состојки:
За кремот:
150 грама Нутела
60 милилитри топло млеко со пена 
За кафето:
2 дози еспресо, смрзнати во мали ледени коцки
170 милилитри оладено млеко со пена
100 грама Нутела
1 кафена лажичка ванила (по желба)
1-2 супени лажици сируп од агаве (по желба)
За декорација:
Шлаг пена (по желба)


Начин на подготовка:
За кремот:
Ставете ја Нутелата во еден сад и додајте го топлото млеко, па мешајте додека не добиете мазен сос. Ако смесата ви е премногу густа, слободно додајте повеќе млеко.
За кафето:
Ставете ги млекото и Нутелата во блендер. Матете неколку секунди, односно додека тие целосно не се соединат. Потоа, додајте ги ледените коцки, заедно со сирупот од агаве и ванилата и матете на висока брзина додека ледот целосно не се искрши. Додајте дополнително млеко само доколку има потреба од помош за кршење на ледот.
Декорација:
Сипете малку од кремот во внатрешноста на чашата во која ќе го сервирате пијалакот и потоа додајте го и фрапучиното. За крај, ставете шлаг пена и врз неа сипете го кремот. Додајте и цевка.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.