Обама го убедува Израел дека ќе го спречи вооружувањето на Иран

Американскиот претседател Барак Обама изјави во четвртокот дека САД имаат можности да го спречат Иран да дојде до нуклеарно оружје и нагласил дека сите опции се отворени.„Мислиме дека на Иран ќе му бидат потребни година или малку повеќе да развие нуклеарно оружје, меѓутоа секако не сакаме предолго да чекаме“, изјави американскиот претседател Барак Обама во интервјуто за израелската телевизија објавено пред неговата посета на Израел следната седмица.„Она за што разговарам со израелскиот премиер Бејамин Нетанјаху, а тоа го правев и изминатите години кога станува збор за тоа прашање, е мојата порака до него којашто ќе биде иста како и претходно. Ако тоа прашање можеме да го решиме по дипломатски пат, ќе постигнеме трајно решиме, но ако тоа не го можеме и натаму ги сметам сите опции за отворени“, истакнува американскиот претседател.„Кога ќе кажам дека сите опции се отворени, тоа значи дека сите опции се отворени“, одговорил Обама запрашан дали ќе нареди напад врз Иран, доколку не биде пронајдено дипломатско решение.„САД очигледно има значителни капацитетите, но нашата цел е да се обезбеди дека Иран не поседува нуклеарно оружје со коешто би му се заканил на Израел или би покренал регионално натпреварување во вооружување“, додал Обама.
МакфаксАмериканскиот претседател Барак Обама изјави во четвртокот дека САД имаат можности да го спречат Иран да дојде д

Пронајдете не на следниве мрежи: