ОБИД ЗА АТЕНТАТ НА ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА НА АРГЕНТИНА: Напаѓачот и впери пиштол во лицето (видео)

Заменик-претседателката на Аргентина, Кристина Фернандез де Кирхнер, ја избегна смртта откако куршум паднал во цевката на пиштолот кој маж го држел насочен кон неа.

ОБИД ЗА АТЕНТАТ НА ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА НА АРГЕНТИНА: Напаѓачот и впери пиштол во лицето (видео)

Кристина Фернандез де Киршнер ги поздравуваше поддржувачите пред нејзиниот дом кога еден маж излезе од толпата и и впери пиштол во лицето.

Аргентинскиот претседател Алберто Фернандез изјави дека пиштолот бил наполнет со пет куршуми, но еден куршум се заглавил во цевката кога атентаторот го повлекол чкрапалото.

Осомничениот беше идентификуван од официјалната аргентинска новинска агенција Телам како бразилскиот државјанин Фернандо Андрес Забац. Тој беше приведен од аргентинската федерална полиција.

Обидот за атентат се случи за време на митингот на нејзините поддржувачи. Пред нејзиниот дом веќе неколку дена се одржуваат собири како одговор на тековното судење во кое таа е обвинета за корупција.

Портпаролот на полицијата изјави дека оружјето е пронајдено на неколку метри од местото на инцидентот.

Министерот за економија Серџо Маса го нарече инцидентот „обид за атентат“.

„Кога омразата и насилството преовладуваат над дебатата, општествата се уништуваат и се појавуваат ситуации како оваа: обид за атентат“, напиша Маса на Твитер.

Кристина Фернандез де Киршнер беше претседател на Аргентина од 2007 до 2015 година, пред да ја преземе функцијата потпретседател во 2019 година.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.