Оброк полн со витамини: Сарми од кељ и варени компири

Предлагаме сармите да ги послужите со варени компири зачинети со малку маслиново масло и магдонос. Рецептот е вегански и без глутен. Наведените количини се за 4 порции (со прилог по ваш избор).
Оброк полн со витамини: Сарми од кељ и варени компири
Потребни состојки:
12-14 листови кељ со средна големина
170 грама хелда во зрно
1 црвен кромид
2 помали моркови
2 чешниња лук
2 лажици маслиново масло
250 милилитри доматен сос
150 милилитри вода (и повеќе ако има потреба)
50 милилитри црвено вино (по избор, може да го замените со супа или вода)
½ лажички сол, 1 лажица соја сос, 1 лажица сушени пиперки, ловоров лист


Начин на подготовка:
Во големо тенџере, загрејте ја водата додека да почне да врие, а потоа додајте сол и лисјата од кељ, натопете ги и варете ги околу 3 минути да омекнат. По готвењето, веднаш извадете ги во сад со ладна вода, потоа исцедете ги и оставете ги настрана додека го подготвувате филот.
Исплакнете ја хелдата и ставете ја да се готви во тенџере со двојно повеќе вода (размерот на хелдата и водата да биде 1: 2). Кога водата ќе зоврие, намалете ја топлината, додајте сол и продолжете да готвите уште 5 минути.
Загрејте го маслиновото масло во тава за пржење, а потоа додајте ги ситно исечканиот кромид, морковите, лукот и зачините и мешајте ги додека се пржат неколку минути. Додајте ги виното, доматниот сос и водата, додајте ја хелдата и варете на тивок оган уште 15 минути, мешајте и додавајте повеќе вода ако е потребно.
Загрејте ја рерната на 180 °С и премачкајте мал сад за печење (околу 30 × 30 цм) со маслиново масло.
Земете поголема чинија, ставете го и раширете го листот од зелка и исечете го долниот дел од стеблото за да не ви пречи кога ќе ги виткате сармите. На долниот дел од листот, ставете полна лажица од смесата со хелда, а потоа преклопете го од левата и од десната страна и завиткајте го, па ставете го во сад за печење. Продолжете исто со преостанатите лисја кељ, редејќи ги сармите една до друга.
Печете 15 минути на 180 °С, а потоа, кон крајот, вклучете ја опцијата за печење одозгора за сармите да добијат малку боја. Послужете со варени компири зачинети со маслиново масло и магдонос или со некој друг прилог.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.