Овесни колачиња со банана и чоколадо

Потребни состојки:
3 шолји овесни снегулки
1 шолја млеко
1 лажица мед
1 лажичка цимет
1 банана
Суво грозје, јаткасти плодови(по желба)
200 г чоколадо
100 г лешници
Начин на подготовка:
Промешајте овесни снегулки, изгмечена банана, мед, цимет и млеко. Промешајте убаво и ставете ја смесата во тава за мафини. Печете на 200 степени околу 15 минути. Потоа растопете чоколадо на пареа и прелијте преку колачите и наросете со лешници. Ставете ги во фрижидер за да се стегнат.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.