Овие чоколадни колачиња се новиот Инстаграм тренд

Потребни состојки:
За тестото:
8 лажици путер во собна температура
100 г шеќер
1 лажичка екстракт од ванила
1 јајце на собна температура
155 г брашно
1/2 чаша + 2 лажици какао
1/4 лажичка сода бикарбона
1/2 лажичка сол
За филот:
190 г путер од кикирики
4 лажици путер на собна температура
30 г шеќер во прав
1 лажичка екстракт од ванила
За декорација:
350 г млечно чоколадо, стопено
Начин на подготовка:
Загрејте ја рерната на 175 степени. Во голем сад измешајте ги путерот, шеќерот и ванилата додека не се запени, околу 3-5 минути. Додадете го јајцето и мешајте додека смесата не се соедини, а потоа додадете брашно, 1/2 чаша какао во прав, сода бикарбона и сол. Мешајте додека не се соедини и тестото не направите топка, а доколку е премногу влажно за да се тркала, додадете дополнителни 2 лажици какао во прав.
Ставете брашно на работната површина, поделете го тестото на два дела и направете форми користејќи форми за колачиња, а потоа внимателно префрлете ги во плех обложен со хартија за печење. Потоа покријте ги и оставете ги во замрзнувач околу десет минути. Истото направете го и со другиот дел од тестото.
Печете ги формите околу 10-12 минути. Изладете го плехот околу пет минути, а потоа префрлете го во ладилник.
За да го направите филот, измешајте путер од кикирики, путер, шеќер во прав и ванила и мешајте додека смесата не стане пенлива.
Колачињата што веќе се готови поделете ги во две поголеми чинии. Од едната земајте ги оние кои до половина ќе ги облиете со растопено чоколадо. Почекајте да се стврдне глазурата, а потоа намачкајте го филот на другата половина од колачињата и покријте ги со украсените половини (односно оние облиени со растопено чоколадо).
Можеби ќе сакате да го пробате и овој мус колач од чоколадо.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.