Од денеска нема бесплатен јавен превоз

По еден ден престана да важи одлуката за бесплатен јавен превоз која времено беше донесена како една од пакетот мерки на Град Скопје за намалување на загадувањето на воздухот.

Од ЈСП Скопје информираа дека од денеска во градските автобуси повторно ќе има наплата на билети.
– Согласно податоците од Државниот мониторинг систем за квалитет на амбиенталниот воздух на ден 26.12.2022 година, среднодневните концентрации на РМ10 суспендираните честички се под дефинираниот праг на алармирање од 150 мg/m3, и епизодата од два последователни дена е прекината во Скопје и престануваат да важат препораките и мерките за надминат праг на алармирање, појаснуваат од ЈСП.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.