Од што се плашат? ДУИ објави дека е можно да има немири по изборите

Демократската унија за интеграција предупреди на можни немири во Македонија по парламентарните избори, кои ќе се одржат на 8 мај, пишува „Euronews“.

Овие немири, според оваа партија која е дел од македонската Влада, се засновани на „руско сценарио“ координирано, како што рече, меѓу албанската и македонската опозиција ВМРО-ДПМНЕ и партијата Е Мајта.

За ова „сценарио“, ДУИ соопшти дека го известила и меѓународниот фактор, но не е прецизирано за какво сценарио се работи и дали за тоа добиле индиции од безбедносните служби на Македонија.

Пронајдете не на следниве мрежи: