ОД ЈАПОНСКИОТ ЦАР ДО МАКРОН И БАЈДЕН: 500 лидери и официјални лица на погребот на кралицата Елизабета

Околу 500 лидери и функционери од Велика Британија и од целиот свет беа во Вестминстерската опатија каде се одржа државната погребна церемонија на кралицата Елизабета Втора.

ОД ЈАПОНСКИОТ ЦАР ДО МАКРОН И БАЈДЕН: 500 лидери и официјални лица на погребот на кралицата Елизабета

Многу членови на странски кралски семејства седеа спроти британското кралско семејство во црквата, објави Би-Би-Си.

Данската кралица Маргрете II седеше директно спроти британскиот крал Чарлс III.

Присутни беа и кралот и кралицата на Бутан, императорот и царицата на Јапонија, белгискиот крал Филип и кралицата Матилда, холандскиот крал Вилем-Александар и кралицата Максима и кралот Фелипе и кралицата Летиција од Шпанија.

Меѓу присутните се американскиот претседател Џозеф Бајден и неговата сопруга Жил, францускиот претседател Емануел Макрон, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, Жаир Болсонаро од Бразил и кинескиот потпретседател Ванг Кишан, објави „Гардијан“.

Претседателот на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, претседателот на Италија, Серџо Матарела, претседателот на Германија, Франк-Валтер Штајнмаер и премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, беа присутни и на церемонијата.

На државната погребна церемонија присуствуваа канадскиот премиер Џастин Трудо, австралискиот премиер Ентони Албанес и премиерката на Нов Зеланд Џасинда Ардерн и многу други.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.