ОПАСНА БОЛЕСТ СЕ ВРАЌА ВО АМЕРИКА ПО 20 ГОДИНИ: СИМПТОМИТЕ ВКЛУЧУВААТ ТРЕСКА, ГЛАВОБОЛКА, БОЛКИ ВО МУСКУЛИТЕ И ЗАМОР

Во Флорида и Тексас, на пет лица им била дијагностицирана маларија, потенцијално смртоносна болест која е регистрирана во САД за прв пат по 20 години.

Сите пет случаи на инфекција се откриени во последните два месеци, четири во Флорида и еден во Тексас. Сите се од локален карактер, т.е. не биле увезени, потврди Центрите за контрола и превенција на болести (ЦДЦ). Сите заразени се со поблага форма и нивното лекување добро напредува.

ЦДЦ во соопштението рече дека маларијата бара итна медицинска помош и дека секој со сомнителни симптоми треба да се прегледа што е можно поскоро.

Сè уште преовладува мислењето дека постои мал ризик од заразување со маларија во Соединетите Држави и дека најголем број случаи на инфекција се случуваат кога американските граѓани патуваат во странство.

Дури 95 отсто од случаите на маларија се јавуваат во Африка. Од 1992 година во САД се регистрирани 11 епидемии на оваа болест – се вели во соопштението на ЦДЦ.
Последната епидемија е регистрирана во 2003 година во Палм Бич, Флорида, кога биле регистрирани осум пациенти.

Маларијата е предизвикана од пет типа паразити кои ги носат одредени женски комарци. Симптомите вклучуваат треска, главоболка, мускулна болка и замор. Може да се појават и гадење, дијареа и повраќање.

Маларијата може да предизвика оштетување на органите опасни по живот, вклучувајќи бубрежна инсуфициенција и кома.

Властите во јужните држави на САД, каде што е вообичаено присуството на комарци, им препорачуваат на граѓаните да носат долги ракави и панталони. Здравствените власти ги предупредуваат лекарите да бидат свесни за можноста од инфекција.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.