ОСМАНИ ПОБЕДИ ВО БЕРЛИН И МИНХЕН, ПЕНДАРОВСКИ ВО ВАШИНГТОН, А ТЕСНА БИТКА СЕ ВОДЕЛА МЕЃУ СИЛЈАНОВСКА И ВАНКОВСКА ВО ЉУБЉАНА

A  како гласаше македонската дијаспора?

  Жестока битка на македонската дијаспоира, во кјоа сепак најактивни беа гласачите од албанската националност. Според податоците на ДИК, најголем интерес за гласање имало во Љубљана, Берлин и Минхен.

Кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова ја доби довербата на македонската дијаспора и според податоците на ДИК, таа освоила 369 гласа.
Кандидатот на Европскиот фронт предводен од ДУИ, Бујар Османи е на второ место со освоени 182 гласови.
Актуелниот претседател Стево Пендаровски освои 175 гласови од дијаспората.
Во Љубљана битката се водела помеѓу Давкова и кандидатката на Левица, Билјана Ванковска. Тука Давкова освоила 52 гласа а Ванковска 34.
Османи победи во Берлин со освоени 57 гласови а за Силјановска гласот го дале 23 гласачи. Ванковска освоила 16. Во Минхен исто така било тесно помеѓу Османи и Давкова, но и тука победата ја извојува Османи со еден глас повеќе од Давкова, односно 21, додека за кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ гласале 20 лица.
И во Загреб Османи победи со освоени 25 гласови.
Пендаровски пак победи во Вашингтон. Тука 13 лица од Македонија гласале за него.

Пронајдете не на следниве мрежи: